Седмица 28-та по Педесетница
Вторник
Домот мој, е дом за молитва (Лука 19, 46). И навистина, само влези во храмот и се те повикува на молитва. Се во него е на тој начин уредено, се во него се одвива на таков начин за да би те раасположил за молитва и да и помага на истата. Затоа ако сакаш молитвата да ја разгориш во своето срце, оди што почесто во храмот Божји. Дома нема да се помолиш исто како во храмот. Зарем оние кои што топло се молат дома, ако воопшто ги има, нема уште потопло да се молат во храмот? Но стоејќи во храмот, немој таму да бидеш присутен само со тело, туку и со дух. Застани таму каде што е потивко и гледајќи го со умот Господа пред себе, излевај ја својата душа. Фантазиите бркај ги, на грижите не им дозволувај да ти пријдат, и пази само на едно- делото на молитвата. крени ја својата отежната душа горе и нејзината тежина растури ја со согледување на Божествените работи. Она што го имаш на себе, симни го со покајание и со ветување за поправка. Ако совеста сеуште не ти е измирена, додај дела на самоодрекување и љубов. Стоејќи во храмот подготвувај се цело време додека си надвор од храмот со мислите да не се оддалечуваш од Бога, туку секогаш да го гледаш пред себе. Така твоите стапки нема да свртат од вистинскиот пат на крив пат. Кога потоа ќе отидеш во храмот, ќе ти биде полесно во него да стоиш како што треба. Заради достојното пребивање во храмот, ќе ти биде полесно да одиш внимателно пред Бог кога ќе се најдеш надвор од храмот....И така твоето пребивање во Бога ќе расте се повеќе и повеќе. А што повеќе може да се посака од тоа?
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (22.08.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.