Седмица 27-та по Педесетница
Понеделик
Народот извикува осана, а Бог плаче (Лука 19, 38-41). Зарем не се случува нешто слично и на нашите црковни празници? Надворешноста во тоа време тогаш била празнична. Меѓутоа Бог го видел она што невидливо е присутно во душите на народот и го оценил тоа достојно за плач. И кај нас оне што е видливо на празниците е секогаш свечено. Но дали и внатрешната состојба кај сите е таква? Некој воопшто не ја сфаќа важноста и значањето на празникот; друг едвај чувствува нешто замаглено, иако ништо јасно не гледа. А само по некој гледа и чувствува и е расположен достојно за празникот. Нашите празници бараат многу вложување. Но колку од тоа му се посветува на Господ Бог и на браќата? Или ништо или баззначајна ситница. Скоро се однесува стомакот и суетата. Од Бога тоа не може да се сокрие. Не е ни чудно доколку Тој, зборувајќи на народен начин, плаче, додека ние испуштаме празнични извици. Ете какви се искупените, оправданите, всиновените!... Дале завет, примиле обврска да одат во духот и да не ги задоволуваат телесните страсти. А што имаме на дело? Синовите на царството се полоши и од последните слуги!....
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (22.08.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.