Седмица 27-та по Педесетница
Недела дваесет и седма по Духови
На празникот на Воведувањето во храмот на Пресвета Богородица почнува да се пее: Христос се раѓа. Со тоа оние кои што верувааат се подготвуваат за достојно сретнување со празникот на Христовото раѓање. Сфаќајки го тоа навестување, постапувај според него. Задлабочи се во тајната на Воплотувањето на единородниот Син Божји; дојди до неговата причина во предвечниот совет Божји за постанокот на светот и човекот во него; увиди го неговиот отсјај во создавањето на човекот; радосно сретни се со првата благовест за тоа, веднаш после падот; разумно испитувај го неговото постепено разоткривање во пророштвата и во старозаветните праобрази; разјасни си себеси кој и како се подготвил во Израел за прифаќање на воплотениот Бог, под влијание на божествените воспитни установи и чинови. Потоа премини доколку сакаш преку границите на Божјиот народ и собери зрак на Божја светлост, која што свети во темнината, разгледувајќи до која мерка избраните од сите народи дошле до претчувство за појавата на необичното Божјо промислување во луѓето. Тоа ќе биде мисловна подготовка. Меѓутоа, тука е и постот. Подготви се на воздржување, исповедај се и причести се со Светите Христови Тајни. Тоа ќе биде дејствена и животна подготовка. Ако во текот на сето тоа Бог ти даде да ја почувствуваш силата на Неговото доаѓање во тело, тогаш кога ќе дојде празникот ти веќе нема да празнуваш поради туѓа радост туку заради својата сопствена.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (28.11.2010) : Божикен пост
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.