Седмица 27-та по Педесетница
Сабота
Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на простите. Така е, оти таква беше волјата твоја (Лука 10, 21). Еве суд над човечката мудрост и разумност. И тој очигледно се исполнува. Откривањето е сега пред очите, во Божествените Списи, и мудрите го читаат, но не сфаќаат. Навистина е за чудење: напишано е просто, а ним се им изгледа поинаку од она што е напишано. Со еден збор-тие се слепи. Простодушните гледаат и сфаќаат, и за нив скриеното е откриено. Таков поредок му бил по волја на Отецот небески. Според тоа немаме ни зошто да се противиме. Доколку воопшто не било откриено она што е суштински нужно, оние кои што мудруваат можеби и би можеле нешто да приговараат. Но затоа што е откриено, потребно е само да се дојде и да се земе. Затоа и е откриено за ти да земаш. Само стани простодушен. „Кој, јас?... Никако!“ Па како сакаш! Остани премудар и разумен за себе. Меѓутоа ништо суштинско нема да сфатиш и нема да сместиш во својата глава, туку ќе останеш на среде призракот и илузиите кои што се раѓаат од твоето мудрување. Тие те држат во потполна заслепеност, при што мислиш дека гледаш иако си всушност слеп и кратковид. Додуша ти по нешто и гледаш, но како низ густа магла. Тоа ти оневозможува да го видиш вистинскиот пат, и не те води кон целта, туку само те држи во безизлезниот круг на гревот. Господе избави не од таквата страшна состојба!...
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (27.11.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.