Седмица 27-та по Педесетница
Петок
Приказната за десетте кеси сребро ја изобразува целата историја на човештвото до Второто Христово доаѓање (Лука 19, 12-28). Во неа Бог говори дека преку страдањата, смртта и Воскреснувањето тој оди кај Отецот небесен да го прими царството над човештвото, кое што е негово татковско наследство. Тие кои што остануваат на земјата се делат на две страни: на слуги кои што му се потчиниле на Бога преку послушание во верата, и на оние кои што заради своето неверие, не сакале да го имаат за цар и да му служат. На оние кои што му пристапуваат со вера и со готовност да му служат им се даруваат даровите на Светиот Дух во светите тајни. Тоа се всушност кесите со сребро! Секој оној кој што верува ги прима поради служењето во кругот на другите кои што веруваат. Кога ќе му се покорат сите (волни) од човечкиот род, Тој повторно ќе дојде како Оној кој што го примил царството. Тогаш, неговото прво дело ќе биде да им суди на слугите, да види кој што стекнал со дадената му благодат. Потоа ќе следи суд и за оние кои што не сакале да го имаат за цар, оние кои што не поверувале, или кои што отпаднале од верата. Запечати ги овие вистини во својот ум и не го одделувај своето внимание од нив. Затоа што тогаш ќе се донесе одлука која што нема да може повеќе да се измени. Бегај од неверието. Но немој да веруваш само празно, туку принесувај и плодови на верата. Наогајќи те верен во малку Бог ќе те постави и над многу.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (22.08.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.