Седмица 27-та по Педесетница
ЧЕТВРТОК
Бог на учениците им говореше за своето страдање, но тие ништо од ова не разбраа: овие зборови за нив беа сокриени (Лука 18, 34). Подоцна пак расудувале дека на верните не им прилега да знаат ништо освен за Исус Христос, и тоа распнатиот. Додека не дојде време тие не сфаќале ништо за оваа тајна. Но кога дошло време тие ја сфатиле и на сите им ја пренеле и им ја разјасниле. Така се случува со сите, и тоа не само во однос на оваа тајна туку и на секоја друга. Она што е непоимливо на почетокот, со време станува сфатливо. Имено, зрак од светлост допира до свеста и го разјаснува она што порано било темно. Кој разјаснува? Самиот Бог, благодатта на Духот кој што живее во оние кои што веруваат, ангелот хранител, но никако самиот човек. Тој овде е во улога на примател, а не творец. При сето тоа нешто останува несфатливо за цел живот, и тоа не само за поединци туку и за целото човештво. Човекот е опкружен со несфатливи работи. Некои му се разјаснуваат во текот на животот, а други остануваат за другиот живот. Таму ќе се сфатат. Истото се случува и со од Бога просветените умови. Зошто тоа не се открива сега? Затоа што е несфатливо и затоа што затоа не вреди да се зборува. Други работи пак не се говорат од претпазливост т.е. затоа што би било штетно да се знаат пред време. Во другиот живот многу работи ќе се разјаснат, па ќе се откријат други предмети и други тајни. Отворениот ум никако не може да ги избегне недостижните тајни. Умот се бунтува против тоа. Но, се бунтувал тој или не, нишките на таинственоста нема да се прекинат. Смири се горди уме под силната рака Божја и верувај!
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (22.08.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.