Седмица 27-та по Педесетница
ВТОРНИК
Кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја погуби; а кој ќе ја погуби, ќе ја оживи (Лука 17,33). Погоре реченото треба вака да се разбере: да се сочува својот живот значи да се жалиш самиот себе, а да го изгубиш животот-да не се жалиш самиот себе. При тоа треба да се подразбира дека се говори за патот на заповедите Господови или дејствувањето во Бога. Значи ќе се спаси оној кој дејствува во Бога, исполнувајќи ги Неговите заповеди и не жалејќи се себеси. Оној пак кој се жали себеси-загинува. Ако само почнеш да се жалиш себеси, неизбежно ќе се покажеш како рушител на заповедите, а според тоа , лош слуга. Каква е пресудата за лошиот слуга? Фрлете го во најкрајната темница; таму ќе биде плач и чкртање со заби. Потрудете се да внимавате на себе макар тоа да е и во текот на еден ден, и ќе видите дека самосожалувањето им смета на сите наши дела, не оддалечува од спремноста да ги вршиме. Меѓутоа без труд и напор ништо нема да направиш. Жалејќи се себеси поради напорот ќе се оттргнуваме од делото. Постојат дела кои што сакал-неќел мора да ги направиш. Таквите дела се вршат без отстапка, макар и со труд. Тука самосожалувањето се победува со самосожалување. Доколку не работиш -нема ни да јадеш. Затоа што делата на заповедите не се од таква природа, последицата од самосожалувањето секогаш ќе биде изоставена. Попуштањето на лоши дела исто така се врши заради самосожалување. Жал ти е да се одречеш од она што ти се присакало-и желбата се исполнува. Но таа е или непосредно грешна, или води кон грев. Според тоа оној кој што се жали себеси, секогаш го изоставува она што е потребно, додека од друга страна, себеси си попушта во она што не е прикладно. Така тој испаѓа неприкладен за било што. И како тука можеме да зборуваме за спасение?
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (22.08.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.