Седмица 26-та по Педесетница
НЕДЕЛА ДВАЕСЕТИШЕСТА ПО ДУХОВДЕН
Раскажувајќи за богаташот кој што имал намера само да јаде, да пие и да се весели, а потоа бил поразен со смрт, не доживувајќи ги насладите кои што ги очекувал, Бог заклучил: Така бива со оној што собира добра за себе, а не се богати во Бога (Лука 12, 21). Таков дел нив ги стигнува. Оние кои што се богатат со богозаборавот, мислат само на телесни утехи. Оние пак кои што сакаат да го избегнат тој горчлив дел, нека се потрудат да не печалат за себе, туку нека се богатат само со Бог. Сето богатство доаѓа од Бога. Доколку го стекнеш, посвети му го на Бог и ќе произлезе свето богатство. Се што ти е вишок дели го со оние кои што имаат потреба. Така ќе му го вратиш на Бог она што ти го дал. Оној кој што му дава на бедниот, му дава на Бог. Оној кој што така го троши богатството вистински се збогатува. Збогатувајќи се со добри дела тој се богати ради Бога со намера да му угоди; тој се збогатува со Бог, привлекувајќи го неговиот благослов; тој се богати од Бога, кој во малку верниот го поставува над многу, тој се богати за Бога а не сам за себе, затоа што себеси не се смета за господар, туку само помошник и сметководител, чија што единствена грижа се состои во тоа да ги подмири сите кои што му доаѓаат со различни потреби. Тој се плаши да потроши на себе било што, затоа што мисли дека неправилно би ги употребил добрата кои што му се доделени.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ (22.08.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.