логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


                                          
Библиотеката при хуманитарно-мисионерската дејност „Ѓаконија“ од пред некој ден е побогата за уште едно издание. Имено, излезе од печат книгата „Бог препеан во Библијата и во житијата на Светиите“, кое е авторско дело на аџика Станија Узунчева. Станува збор за поезија, за која авторката црпела инспирација од Бог и Светиите, ревносно почитувајќи ги и испонувајќи ги евангелските начела низ целиот свој живот.

Предговор

Не е лесно да се зборува за Бога, и не може секој да зборува за Него. Потребен е долг и длабок подвижнички живот, очистување на срцето и умот, и зближување со Бога, за да можеме да го почувствуваме како наш Близок, Пријател и Родител. Бог не се крие од нас, туку ние, заради нашите од грев помрачени очи, не можеме да Го видиме. Затоа само Боговидците можат најавтентично да зборуваат за Него, но не како нешто прочитано од книга, туку од лично искуство, од личниот однос со Него, од разговорот со Него.

Да се пишува, пак, во стихови за Бога, за Пресветата Негова и наша Мајка, за светителите, не е нешто ново, туку тоа е вековно востановена традиција во светата Православна Црква. Богослужбите кои ги пееме секојдневно се во стихови, напишани токму од такви Боговидци. Исто така едно можеби од најпознатите богословски дела во стихови се токму „Химните“ на свети Симеон Новиот Богослов, кој со својот просветлен ум толку јасно говорел за Бога, како да Го гледал пред себе, од неговиот личносен однос и заедница со Него. Во поново време познати се стихозбирката на светиот Николај Охридски и Жички „Молитви крај езерото“, стихозбирката на светиот новопрославен Симеон Дајбабски, и немногу познатата, но не и помалку вредна стихозбирка на светиот епископ Гаврил Велички Светогорец „33 Песни за Ерусалим“.

Книгата која ја имате пред вас, стихозбирката на побожната поетеса Станија Узунчева, како нејзина прва творба, е скромен обид да се зборува за Бога, да се велича Бог, да се слави и фали Неговото име заради сите Негови доброчинства. Во неа се опфатени песни за Бога, за Пресвета Богородица, за светите архангели, за апостолите, за светителите, и неколку молитви. Напишани се на многу едноставен начин, лесни за сфаќање и воспримање, разбирливи за секого. Преку нив лесно можеме да ги запамтиме житијата на светителите, овде опеани, коешто впрочем, е и нејзината цел за издавање на оваа книга. Наменета е за сите, особено за оние кои сакаат да знаат повеќе за нашата света Православна вера. Инспирација добила од нејзиниот богоцентричен духовен живот, од нејзините молитви, од поклоничките патувања во Светата Земја, но и на светите места низ нашата Македонија.

Читајќи ги овие стихови, добивате впечаток дека читате житија на светителите. Затоа, топло им ја препорачувам на сите православни христијани, за поука, изградување и напредок во духовниот живот. Бог да ја благослови поетесата Станија за нејзиното богоугодно дело, но и да ги уможи нејзините идни дела, не за нејзина слава, како што и самата поетеса вели, туку за слава на Едниот Светотроичен Бог, Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.

 

Митрополит Повардарски

† Агатангел

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

19/01/2025 - недела

Бoгoјавлeниe – ВОДИЦИ
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Собор на  св Јован Крстител     7 јануари / 20 јануари 2024

Тропар на Собор на св Јован Крстител 7 јануари / 20 јануари 2024

Глас 2     Споменот на праведникот е со пофалби,  а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина...

Тропар на Богојавление  6 јануари / 19 јануари 2025

Тропар на Богојавление 6 јануари / 19 јануари 2025

     Кога во Јордан Те крштеваа Тебе Господи,       се покажа поклонувањето на Пресвета Троица:      Родителскиот глас сведочеше...

Тропар на св. Христова девственица блажена Синклитикија 5 јануари / 18 јануари 2025

Тропар на св. Христова девственица блажена Синклитикија 5 јануари / 18 јануари 2025

Блажена, целомудрена мајко наша Синклитикио, смиреномудрието дишење ти стана, милосрдието – солза со којаги миеше душите на натажените,подвигот телесен ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная