Седмица 26-та по Педесетница
САБОТА ДВАЕСЕТИШЕСТА ПО ДУХОВДЕН
Никој што ја ставил раката своја на ралото и погледнува назад не е достоен за Царството Божјо (Лука 9, 62). Т.е. оној кој што сака да се спаси а се навраќа кон она кое што е неопходно да се напушти, ради спасение-тој всушност не се спасува и не оди кон Царството Божјо. Потребно е затоа одлучно да се прекине со се што е неспоиво со делот за спасение. Оние кои што размислувале за спасението и самите се свесни за тоа, но секогаш ја одложуваат за утре разделбата со некои навики. Им изгледа преголема жртва да напуштат се одеднаш. Тие сакаат од нив да се одделат постепено, за да тоа не им падне во очи на другите. Но, таа намера скоро секогаш се проигрува. Тие измислуваат спасоносни поредоци, но расположението на срцата им останува исто како и претходно. Во прво време тој несклад многу паѓа во очи. Меѓутоа тоа „утре“ и ветената промена на совеста им ја затвора устата. На тој начин од „утре“ до „задутре“, совеста се уморува од опоменување и најпосле почнува да молчи. Потоа доаѓаат мислите дека сето тоа може да биде и така, дека се може да се остави како што е. Таа мисла постепено зајакнува и на крајот се зацврстува. На тој начин се добива лице кое што однадвор е исправно, но не и одвнатре. Тоа е варосан гроб во очите на Бог. Најлошото е тоа што обратувањето на таквите луѓе е многу тешко, скоро исто толку тешко колку и кај оние кои што се закоравени во јавни гревови. Можеби и уште потешко.... а ним им се чини дека сето тоа не е ништо.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ (22.08.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.