Манастирска црква на св.Наум Охридски Чудотворец, н. Радишани
На 14 ноември 2010 година, во 25-тата недела по Педесетница, на празникот на светите Козма и Дамјан, преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј, во манастирската црква на св. Наум Охридски, но населбата Радишани , во Скопје,се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 36)
Никој, кога запали свеќа, не ја поклопува со сад, ниту ја става под одар, туку ја наместува на свеќник, за да ја гледаат светлината оние што влегуваат. Оти нема тајно, што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено, што не ќе се разбере и излезе на видело. Па, пазете како слушате; зашто, кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она, што мисли дека го има.“ Дојдоа кај Него мајка Му и браќата Негови, и не можеа да се приближат до Него поради народот. И Му јавија, велејќи: „Мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да Те видат.“ А Он им одговори и рече: „Мојата мајка и Моите браќа се оние, што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат.“
Христијан Ѓошев, синот на псалтот Марјан Ѓошев, секоја недела и поголемите празници кога училишните обврски му дозволуваат, пее на Литургијата. Денес, ние ги снимивме Господовата молитва и прекрасното пеење на молитвата Упатена до Бога: Благословен е си Господи.
Преминпортал
Лето Господово 2010