о 25-та недела по Педесетница, на празникот Светиот маченик Нестор; Преподобен Нестор Летописец; во храмот на св.Петка но населбата Црниче, во Скопје, отец Владимир Белчовски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 52)
Рече Господ на Своите ученици: „Сè Ми е предадено од Мојот Отец; и кој е Синот не знае никој, освен Отецот; и кој е Отецот, не знае никој, освен Синот, и кому што сака Синот да му открие.“ И кога се обрна кон учениците, им рече тивко: „Блажени се очите, кои го гледаат ова што го гледате вие. Зашто ви велам, многу пророци и цареви сакаа да видат што гледате вие, и не видоа; и да чујат, што слушате вие, и не чуја.“
Старец Софрониј
Во условите што владеат во современиот свет молитвата бара натчовечка храброст, бидејќи ѝ се спротивставуваат севкупните космички енергии. Да се сочува молитвата нерасеана значи победа на сите нивоа на природното постоење. Овој пат е долг и трнлив, но доаѓа моментот кога зракот на Божествената Светлина ја пробива густата темнина и пред нас се отвора простор низ којшто можеме да го видиме Изворот на таа Светлина. Тогаш Исусовата молитва добива космички и метакосмички димензии.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.