Глас 2.
Твојата душа, Димитрије- мудар маченику, Христос Бог непорочно ја положи во небеските живеалишта, зашто си бил поборник на Троица, и како цврст дијамант храбро си пострадал на боиштето; а кога си бил прободен во твоите ребра, сечесен, уподобувајќи се на Прободениот во ребрата за спасение на целиот свет, ти си примил дар да правиш чудеса, на луѓето давајќи имобилно исцелениа. затоа ние денес достојно го празнуваме твоето упокојување, славеќи го Господа, Кој тебе те прослави.
.
Тропар, глас 3.
Целиот свет најде во тебе заштитник, страдалнику, кој ги победуваш незнабошците. И, кој што си ја победил горделивоста Лиева, и за борба си го охрабрил Нестора, така свети Димиртије, моли се на Христа Бога да ни дарува милост голема.
На 07. 11. 2010 година, во Марков манастир(Маркова Сушица), посветен на св.вмч. Димитриј Мироточив Солунски се отслужи Вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г. г.Стефан со свештеници од Скопската епархија. По вечерната беше прекршен славскиот колач, во чест на св. Димитриј Солунски, храмова слава на светата обител на Марковиот манастир. Потоа Архиепископот произнесе пригодна беседа од житието на св. вмч. Димитриј. Годинешните кумови на манастирската слава го собраа многубројниот народ на трпезата на љубовта.
.
. . .
.
.
.
.
.
.
.
.
Преминпортал
Лето Господово 2010