Со света Архиерејска Литургија беше прославен празникот на преподобна Параскева во храмот што го носи нејзиното име во н. Црниче. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на умировениот Митрополит Европски г. Горазд. Храмот беше претесен да ги прими сите верници кои дојдоа да се помолат на светителката и да се причестат со светите Христови Тајни. На Литургијата во свештенички чин беше произведен ѓаконот Владимир Белчовски.