Радост во црковната општина на Пресвета Богородица

metodi.losangeles1.jpg

 

Во историјата на Макаедонската православна црковна општина ''Пресвета Богородица“ во Лос Ангелес, ке се запишат и деновите од 19 до 26 ноември, кога за прв пат надлежниот Архиереј на Американско-канадската Македонска епархија, г. Методи, ја посети нашата црковна општина. Тој заедно со парохискиот свестеник отец Ристо Ристовски и ѓаконот Стеван  Бајрактаров, богослужеше света Литургија на 21 ноември денот на св. Архангел Михаил и неделата на 25 ноември на денот на  Свети Јован Милостив. Црквата беше мала за да ги собере сите верници кои дојдоа заедно со својот духовен татко да се помолат  на Бога и да Му благодарат што и тие имаа прилика да се запознаат со надлежниот архиереј и да се насладуваат во Богослузбата и разговорите што покасно ги водеа.

metodi.losangeles2.jpg
Иако сме далеку со илјади километри од другите сестрински цркви во Америка и Канада, тие го замолија дедо Владика пак да ни биде гостин и да не посети поскоро.
metodi.losangeles2.jpg

Известува: отец Ристо Ристовски

Посети:{moshits}