Радост во црковната општина на Пресвета Богородица
Во историјата на Макаедонската православна црковна општина ''Пресвета Богородица“ во Лос Ангелес, ке се запишат и деновите од 19 до 26 ноември, кога за прв пат надлежниот Архиереј на Американско-канадската Македонска епархија, г. Методи, ја посети нашата црковна општина. Тој заедно со парохискиот свестеник отец Ристо Ристовски и ѓаконот Стеван Бајрактаров, богослужеше света Литургија на 21 ноември денот на св. Архангел Михаил и неделата на 25 ноември на денот на Свети Јован Милостив. Црквата беше мала за да ги собере сите верници кои дојдоа заедно со својот духовен татко да се помолат на Бога и да Му благодарат што и тие имаа прилика да се запознаат со надлежниот архиереј и да се насладуваат во Богослузбата и разговорите што покасно ги водеа.
Известува: отец Ристо Ристовски
Посети:{moshits}