Секоја недела во Марковиот манастир посветен на Св. Великомаченик Димитриј, верниците можат да присуствуваат на Божествената литургија со почеток во 8.30 часот.
По богослужбата, во обновената трпезарија во рамки на манастирот, тие имаат можност да се напијат топол чај и во прекрасниот амбиент од 14 век, да присуствуваат на предавања со тематика од духовниот и светотаинскиот живот на Црквата пропратени со видео – проекции. За помладите, се прикажуваат анимирани детски православни филмови, а за повозразните – интересни документарни видео-изданија за темите и прашањата кои го засегаат православниот христијанин во секојдневието, како и интервјуа и разговори со претставници на клирот на Православната Црква.
Оваа недела беше прикажан детскиот филм „Патеводителница“, како и документарно издание за животот на романското монаштвото на Света Гора.
известува: о.Дејан Трајков