Скопје, 10 отомври 2010 год.- Храмот на св. Петка, на празникот на Преподобна Ефросинија и преподобен Сергеј Радоњежски
Свети Антониј Велики
Знајте сигурно дека нема да можете ниту да напредувате, ниту да раснете, ниту да станете совршени, ниту јасно да го разликувате доброто од злото, ако не им се покорувате на своите отци.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 13)
Во она време дојде Исус во Назарет, каде што беше пораснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата, па застана да чита. Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Он, штом ја отвори, го најде местото каде што беше напишано: „Духот Господов е врз Мене; затоа Ме помаза да им соопштам радосна вест на бедните. Ме прати да ги исцелам сокрушените по срце, да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напатените; да ја проповедам благопријатната година Господова!“ И кога ја затвори книгата и му ја даде на слугата, седна; а очите на сите во синагогата беа вперени во Него. И почна да им говори: „Денес се исполни ова Писмо, што го чувте.“ И сите Му посведочија, и се восхитуваа на Неговите благодатни зборови, што излегуваа од устата Негова.
Мал водосвет
Лето Господово 2010