Денес, на денот на свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, во црквата посветена на овој Светител во Струмица, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежниот Митрополит струмички г. Наум и Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј отслужи Архиерејска Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Тело и Крв Христови.
„Ако на телото му дојде духовната радост од умот, таа не бива намалена поради оваа врска со телото, туку го преобразува телото и го прави духовно. Тогаш тоа ги отфрла сите лоши страсни телесни желби и повеќе не ја влече душата надолу, туку заедно со неа се издигнува. Така целиот човек станува дух, како што е напишано: Оној што е роден од Духот, дух е. (Свети Григориј Палама)
Посети:{moshits}