На 26 септември, денот кога Православната Црква го чествува споменот на светиот свештномаченик Корнилиј, стотникот, во Тринген, Швајцарска Конфедерација, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан, во сослужение со надлежниот епархиски архиереј, Митрополитот Европски г.Пимен, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, како и повеќе свештенослужители од Европската, Американско – канадската и Скопската православна епархија, го осветија новоизградениот храм посветен на светиот охридски чудотворец Наум.
Чествувањата започнаа на 25. 09. со вечерна богослужба, со која чиноначалствување Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во старата црква, од каде за време на входот, со моштите од свети Климента, поставени на дискосот, преминавме пред иконостасот на новата црква, каде и заврши вечерната богослужба.
Следниот ден, недела 26. 09., по пристигнувањето на архиереите, започна чинот на осветувањето на храмот. На овој свечен настан присуствуваа околу 2000 македонци од Швајцарија, Италија, Англија, Хрватска, Франција, Шведска, Австрија и други европски земји, како и од Канада, т.е. од македонските православни црковни општини „Свети Прохор Пчињски“ и „Св. Архангел Михаил“ – Италија, „Св. Злата Мегленска“ – Хрватска, „Св. Наум Охридски“ – Австрија, „Св. Кирил и Методиј“ – Париз, „Св. Димитриј“ – Ален, „Св. Ѓорѓи Кратовски“ – Хамбург, „Св. архангел Михаил и сите ангели“ – Лондон, „Св. Спас“ – Хановер, „Пресвета Богородица“ – Локарно и др.
Претставници од Р.Македнија беа заменик министерот за надворешни работи г. Зоран Петров, г-ѓа Валентина Божиновска, директорка на Комисијата за односи со црквите и верските заедници при Владата на Р. Македонија, г. Васил Наумов, директор на Агенцијата за иселеништво, како и дел од невладините организации.
Веста за осветувањето на православната црквата беше објавена во локалниот весник Neu Luzern Zeitung.
Со почит,
ѓакон Антоние