Соборен храм на св. Климент Охридски- На празникот на Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст
„На крстот Твој се поклонуваме Владико и Твоето свето воскресение го воспеваме и славиме.”
Верниот народ се поклони и го целива Крстот Кој е чувар на сета вселена, Крстот Кој е поткрепа на верните, Крстот Кој е слава на ангелите и рана на демоните.
На 27 септември 2010 година , кога Православната Црква го слави празникот на Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст , во Собродниот храм на св. Климент Охридски во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Митроплитот г-дин Горазд во сослужение на отец Ристо Ристевски, јеромонахот Григориј Настески и свештенството при храмот.Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Отец Ристо со пригодна беседа во чест на празникот се обрати на верниот народ, истакнувајќи ја важноста и значењето на Крстот за човековиот живот и спасение и сообразувањето на човекот со Спасителот во носењето на сопствениот крст:„Кога војсководецот ќе го подигне мечот, војската тргнува по него и зад нив настанува пустош, болка и страдања, децата остануваат сираци...Кога свештеникот ќе го подигне овој крст и го поведе народот тогаш настанува милост, љубов и благодатта Божја се разлева над сите.“
Лето Господово 2010