На 19 септември 2010 година, кога светата Православна Црква го празнува споменот на чудата на Свети Архангел Михаил и Св. маченик Ромил, во Македонската православна црковна опстина посветена на Успението на Пресвета Богородица, веднаш по завршувањето на Светата Литургија се отслужи молебен по повод почетокот на новата учебна година. Учениците и студентите молитвено побараа благослов и оваа година да мжат со Божја помош да ја завршат успешно, а за нивна полза и општо добро.
Честитајки им го почетокот на новата учебна година, молитвено им посакуваме на сите ученици успех во учцењето и добро здравје во нивниот живот.
За Преминпортал, од Лос Ангелес: отец Ристо Ристовски