Тропар, глас 8.
Со пролевањето на твоите солзи, бесплодната пустина си ја направил да процвета и со твоите длабоки воздишки, твоите подвизи си ги умножил по стопати, и си бил светилник на вселената, сјаејќо со чудеса, оче наш Пимене.
Моли го Христа Бога, да ги спаси душите наши.
Ние, Македонските верници во Виена оваа година имавме чест денот на овој Голем подвизник Пимен, да го прославиме спемајќи се за дочек на возљбениот наш Митрополит Европски, г.Пимен. Колку би сакала да најдам соодветни зборови да Ви опишам со каква радост го дочекавме милиот владика, а посебно затоа што посетата беше поврзана со за нас Голем јубилеј: Годишнина од осветување на нашиот Македонски храм Св.Наум Охридски во Виена, Австриа. Божјата благодат што ја примаме преку нашиот мил владика и молитвите на останатите свештеници кои имавме чест да ни слузат, оваа мала црковна општина годинава успеа да го украси храмот Христов со нови фрески на иконостасот, со одобрениа за доградба и реновирање на храмот.
Во чест и слава на Отсекување на главата на Св.Јован Крстител, митрополитот г.Пимен одслужи Божествена Литургија во сослужување на ѓаконот Антониј. Истиот ден во вечерните часови ,беше одслужена и вечерна Богослужба.
12.09.10 Православната црква го празнува споменот на Св.Патриарси Цариградски ама нашите верници се собраа денес во голем број да го Слават и да му благодарат на Христос за даровите со кои изобилно не дарува. На Божествената Литургија, г.Пимен го причести верниот народ, ги освети фреските, освети вода и одржа пригодна беседа. Беседата содржеше објаснување на Евангелието што го слушнавме денес ама и порака и благослов да ги умножуваме даровите и талентите кои ни се од Бога дарени.
После свечениот ручек се одржа јавно надавање на фреските и иконите кои допрва ќе се изработуваат. Благодарејќи му на Бога, денешниот прекрасен ден го завршивме со веселба во преполната сала која е во склопот на црквениот имот.
До следната прилика владико наш свет, моли го Господа Исуса Христа за нас !
За Вас од Виена , А.Л.