Мало осветување на Собoрниот Храм
Во саботата на 04. 09, кога се слават светите маченици Агатоник и Зотик и светиот свештеномаченик Горазд Чешки, еден од седумтечисленици, Неговото ВисокоПреосвештенство г.Петар, Митрополит Преспанско-Пелагониски и администратор за Австралија и Нов Зеланд заедно со свештенството од Викторија направи мало осветување на соброниуот храм, Раѓање на Пресвета Богородица, на Австралиско-Новозеландската Епархија , во Сиднам- Мелбурн.
Чест беше да се биде учесник на ова големо и историско дело за нашата Епархија. Во петокот навечер се отслужи вечерна Богослужба, а утредента во сабота се направи мало осветување пред храмот и со литија се влезе во него кој се оспособи за служење на света Литургија на кои верните се причестија со светите дарови Христови.
Господ е голем во своите дела!