Скопје, 5 септември 2010 год- храм Рождество на Пресвета Богордица
На 5 септември 2010 година, во 15-сеттата недела по Педесетница, на празникот на сетиот свештеномаченик Иринеј Лионски, светиот маченик Луп и свети Виктор, во храмот посветен на Рождеството на Пресвета Богородица, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 90)
Во она време, фарисеите се договорија како да Го фатат Исуса во некој збор. И ги испраќаа при Него своите ученици, заедно со некои Иродовци, говорејќи: „Учителе, знаеме дека си правичен и навистина ги учиш луѓето на патот Божји, и не се боиш ни од кого, зашто не гледаш кој е кој; затоа кажи ни; како Ти се чини: треба ли да се дава данок на царот или не?“ Но Исус го разбра лукавството нивно и рече: „Што Ме искушувате, лицемери? Покажете Ми една даночна пара!“ Тие Му донесоа еден динариј. И им рече: „Чиј е овој лик и натпис?“ Тие одговорија: „На царот.“ Тогаш им рече: „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“ И штом го чуја тоа, тие се зачудија и, оставајќи Го, си отидоа.
Лето Господово 2010