Скопје, 19 август 2010 год.- манастир на св. вмч. Димитриј, с. Мркова Сушица (скопско)
Кондак, глас 7. Самогласен.
На гората си се преобразил, Христе Боже, и Твоите ученици ја видоа Твојата слава колку што поднесуваа; та, кога ќе Те видат како се распнуваш, да разберат дека Твоето страдање е доброволно, и на светот да му проповедаат дека си Ти, навистина, Светлината на Отецот.
Икос: Сганете, мрзливи, кои секогаш лежите на земјата, кренете се и издигнете се кон висините на Божјото вознесување; заедно со Петра и со синовите Зеведееви да
се искачиме на Таворската Гора, славата на нашиот Бог со нив да ја видиме, да го слушнеме гласот што тие го слушнаа од небото, и на светот му ја проповедаа Светлината на Отецот.
На 19 август 2010 година, во 13-тата недела по Педесетница, кога Светата Црква го слави споменот на Преображението на Господ Исус Христос на Тавор, во манастирската црква посветена св.вмч. Димитриј , (скопско), се ослужи Божествена Литургија.Верниот надор на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни . На светата Литургија отец Дејан Трјковски произнесе беседа за празникот на Христовото Преображение, по што го благослови новиот лозов плод.
Лето Господово 2010