Седмица 13-та по Педесетница
ВТОРНИК
Избра дванаесетмина да бидат со Него и да ги праќа да проповедаат; и да имаат власт да лекуваат болести и да изгонуваат демони (Мк.3,14-15). И секој Христијанин е избран да прави слични дела: да биде со Господ, сеќаваќи се на Него и Неговата сеприсатност, да проповеда и да ги исполнува Неговите заповеди и да е спремен да ја исповеда својата вера во Него.Таквото исповедање за слушателите во кругот каде се врши ќе биде громогласна проповед. Секој Христијанин има власт, да исцелува болести, иако не туѓите, туку сопствените, и не телесните туку душевните – гревови и гревовните навики. Тој има власт да ги изгонува демоните, одбивајќи ги злите помисали кои тие ги сеат и страсните побуди кои тие ги распламтуваат. Прави така и ќе бидеш апостол и исполнител на она на што Господ те избрал, и дејствител на своето посланство. Ако успееш најпрвин во сето тоа, Господ може да те повика на посебно посланство – да ги спасуваш другите, бидеќи да ти и самиот си тргнал на патот на спасението, и можеш да им помагаш на искушуваните, бидејќи самиот си ги поминал сите искушувања и си стекнал опит во добро и во зло. Твојата работа е да се трудиш над себе си- за тоа си веќе избран. Останатот е во рацете Божји. Смирениот се возвишува.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ (17.08.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА