Седмица 12-та по Педесетница
САБОТА
И Исус се смилува и се допре до нивните очи, и веднаш им прогледаа очите нивни (Мт.20,34). Меѓутоа зарем тие беа единствените во тоа место без светлина во очите. Се разбира, не. Па поради што само тие добиа проsрение, а не и останатите? Другите не добија затоа што не викаа, а не викаа затоа што немаа надеж. Немаа, пак, надеж затоа што не угодуваа на Бога.Не Му угодуваа затоа што малку веруваа. Кој пак се здобие со права вера веднаш почнува да угодува на Бога. На угодувањето веднаш му придојдува надежда, а нејзе-молитвата која изнудува секоја помош повеќе. На таквите повеќе не им се откажува. Тие умеат и да бараат, и добро знаат што треба да се бара, и мерката во изискувањето ја сваќаат, и трпелива недостапност во молитвата покажуваат. Сето тоа е потребно да се има за да би се имало успех. Молитвата сама по себе има слаби крилја.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ (14.08.2009)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА