Да, навистина заслужува да биде прославувана и величена оваа прекрасна светителка, истоименичка на светата преподобна мајка Параскева и на великомаченицата Петка од Иконија. Ретки се Храмовите посветени токму на оваа ПРЕПОДОБНОМАЧЕНИЦА Петка која се прославува на 8-ми Август и се радуваме што нашиот Храм го носи нејзиното сечесно име. По благослов на епископот при нашата сестринска Руска Богородична Црква, владика Петар, и оваа година бевме почестени со присуството на пречесните мошти на нашата покровителка, придружувани од моштите на големите светилници на нашето Православие, како што се: Св. Јован Крстител, Св.Пантелејмон, Св.Григориј Богослов, Св. Апостол Матеј, Св. Апостол Лука, Св.Харалампиј, Св.Филимон, Св. Варвара, Св. Марија Магдалена, Св.Андреј Првоповикан, како и честица од Чесниот Господов Крст! Моштите беа изложени на поклонување Саботата, за време на Бдението и Неделата за време и по Светата Божествена Литургија. На Бдението, верниците беа помазувани со чудотворно масло од Светата преподобномаченица Параскева кое беше набавено од Бостон. Во Неделата, пред крајот на Божествената Литургија, беше извршен Водосвет, а потоа следуваше благословување на славскиот колач и пченицата, и избор на новите кумови на Црквата. По Светата Литургија, верниците беа поросувани со крстената вода од Водосветот.
И на Бдението и на Светата Литургија, сослужувајќи со нашиот парохиски Свештеник Стојан Стојанов и ѓаконот Драган Јорданов, нашите празнувања со своето присуство ги збогати свештеникот од сестринската Македонска Црква посветена на Светите Кирил и Методиј во Hinzdale, IL, отец Рубинчо Ацевски. Нашиот хор, пак, и оваа година беше обогатен со неколку гости од руската Црква. Прекрасно беше што оваа година нашиот Храмов Празник падна во недела – денот на Христовото Воскресение! Нашите празнувања беа двојни! Тоа посебно се забележуваше на Саботното Бдение кое изобилуваше со делови од Воскресната Богослужба.
{mp3}Bogorodice_Djevo2{/mp3}
{mp3}Preblagoslovena{/mp3}
{mp3}Prokimen_na_Vecerna{/mp3}
{mp3}Vsjakoe_dihanie{/mp3}
Навистина, прекрасно е кога преку молитви, песнословија и псалми, заеднички собрани на светите Богослужби, Го прославуваме Бога и Неговите Светии!
„Дојдете сите краишта на земјата, духовен хор да составиме и да ја воспееме девствената маченица Христова, велејќи: Радувај се, преподобна Параскево, од Бога возљубена! Радувај се ти, која толку добро сведочеше! Радувај се, сожителке на светите монахињи од редот на маченичките! Моли се со нив да се спасат нашите души.“
(Стиховна стихира од утрената Богослужба во чест на Светата преподобномаченица Параскева Римјанка).
Warning: No images in specified directory. Please check the directory!
Debug: specified directory - https://mail.preminportal.com.mk/images/Sv.Petka.13.08.10