логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

На 23 и 24 јули во Москва се одржа Првиот меѓународен фестивал на социјални технологии за заштита на семејните вредности "За животот 2010". Фестивалот го организираа многубројни православни и непрофитни здруженија, на чело со Сојузот на православните граѓани на федералниот округ Поволожје и Серуската организација "За животот и заштитата на семејните вредности", со поддршка на Синодалниот оддел за црковна добротворност и општествено служење на Руската Православна Црква. Претседателот на Синодалниот оддел, архимандрит Пантелимон (Аркадиј Шатов), доаѓа на ова место по актуелниот патријарх Кирил. На прес-конференцијата и во воведното предавање тој говореше за потребата од забрана за убивање на сите неродени деца. Ако законот на некоја држава го поддржува убиството на неродените деца, рече тој, одговорноста, но и Божјата казна, освен  непосредните учесници во убиството, ќе ја сноси и народот во целост. Кога државен закон забранува да се убиваат неродените деца, тогаш одговорноста и казната Божја ќе ја сносат само оние што го прекршуваат тоа. Ова го пренесоа многу руски медиуми.
На Фестивалот присуствуваа повеќе од 300 учесници од Русија, Украина, Белорусија, Ерменија, Полска и Хрватска. Имаше обид да се обединат повеќегодишните искуства.
Истовремено се одвиваше и конгрес на истата тема. Посебно се говореше за штетноста и недопуштеноста на контрацепцијата, стерилизацијата, вештачкото оплодување, убивањето, како и за воспитанието - да не се почнува со сексуалниот живот пред и надвор од бракот кој Бог го благословува и кој е за цел живот.
Денес во многу земји, можеби веќе и во Русија, најголемиот број убиства на неродените деца се одвиваат без т.н. хируршки абортус, и тоа уште пред всадувањето на детето во матката, преку разни постапки поврзани со оплодувањето во епрувета и преку средствата со кои доаѓа до зачнување, но кои тогаш автоматски го убиваат детето во првите денови по зачетокот додека жената најчесто не ни забележува дека е трудна. Вака дејствуваат сите видови антибеби пилули, спирали, хормонски фластери, разни хормонски посткоитусни средства, имплантати итн.
Со рекламирањето презервативи ниту во една земја не запре ниту се намали процентот на заразените од АИДС или од некоја друга болест, зашто болестите се пренесуваат и преку презерватив. Меѓутоа, со рекламата на ова средство се поддржува предбрачниот и вонбрачниот сексуален живот кој е главната причина за зарази, а така се развива и негативен став кон бракот и родителството. Користејќи ги сите овие сознанија, Руската Православна Црква постигна големи успеси во борбата против неморалното воспитание во училиштата.
Државната власт исто така презема некакви чекори за демографско закрепнување. Повеќе години постои договор меѓу Руската Православна Црква и Министерството за здравство, според кој претставниците на Православната Црква имаат право да организираат разговори со трудниците во сите медицински установи за да ги одвратат од абортус. Оваа работа доведе до големи резултати и придонесе да се развие општествена атмосфера која е сé повеќе склона да го почитува животот на неродените деца и Божјиот дар на плодноста.
Натпреварувањето на фестивалот се одвиваше во повеќе дисциплини:
1. Работа со трудници што се во криза да се откажат од абортусот;
2. Спроведување правна заштита на традиционалните семејни вредности;
3. Општествена реклама;
4. Одржување предавања и изложби;
5. Воспитни програми;
6. Публикации за заштита на животот;
7. Уметничка дејност;
8. Работа со јавните гласила;
9. Дејствување на Црквата на ниво на парохии.

Посебно внимание привлече здружението чии претставници демонстрираа на улица, пред зградите во кои во разни градови се вршат абортуси. Облечени во бели мантили испрскани со црвена боја, зедоа в раце инструменти за абортус и црвено обоени делови од детски гумени кукли и глумеа гинеколошки персонал кој врши абортуси. Во текот на фестивалот неколкупати во живо ја демонстрираа својата дејност за заштита на неродените деца, а поставија и големи плакати кои го илустрираат тоа.
Беа објавени и податоци, добиени од јавно достапни извори, за тоа колку пари во последниве години им пратиле на своите соработници во одделни посткомунистички земји разни меѓународни противживотни установи кои се борат против раѓањето. Така непосредно се судрија со интересите на сите тие земји. Сега станува појасно кои се тие лица и здруженија кои ги поттикнуваат гревовите против животот на неродените деца, протв Божјиот дар на плодноста или кои на други начини се обидуваат да ја раскинат врската меѓу човечката сексуалност, бракот, зачнувањето и раѓањето, врската што ја предвидел Бог, создателот на човекот.
Ги издвојуваме податоците за некои од земјите-жртви.
Во Руската Федерација од 1992 до 2010 г. за поддршка на гревовите против раѓањето од странство се пратени повеќе од 331 милион долари, во Белорусија од 1994 до 2010 г. над 24 милиони, во Украина од 1994 до 2010 г. над 302 милиони долари, во Полска од 1991 до 2010 г. повеќе од 2 милиона долари, во Словенија од 1993 до 2010 г. 138 илјади долари, во Србија и Црна Гора од 2003 до 2010 г. над 18 милиони долари, во Босна и Херцеговина од 1993 до 2010 г. над 34 милиони долари, во Македонија од 2002 до 2010 над 18 милиони долари, а во Хрватска од 1994 до 2010 г., со прекини од 1998 до 2001, над 11 милиони долари.
Меѓутоа, милиот Бог е посилен од сите зла на светот! Треба цврсто да се потпреме врз Неговата заштита и да се надеваме дека сепак останале толку праведници кои се во состојба да им помогнат и на другите да се покаат и да живеат во согласност со Божјата волја, без оглед на многубројните прелести што нé опкружуваат. На тој начин ќе се гради цивилизација на љубовта, на животот и мирот, цивилизација во која е убаво да се живее и во која луѓето и народите меѓусебно ќе се почитуваат.

 

Dr. med. Антун Лисец
    
Превод од хрватски
Ирена Кепеска

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

« »

Најнови вести

Православен календар

 

14/07/2026 - вторник

Светите бесребреници Козма и Дамјан; Преподобниот патрициј Петар; Светиот маченик Потит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема милост.

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2026

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2026

 Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная