Седмица 9-та по Педесетница
ПЕТОК
Домот Мој нека се нарече дом за молитва, а вие го направивте разбојничка пештера (Мт.21,13). На сите им е познато дека храмот бара побожност, собрани мисли, задлабочено богомислије и стоење во присуството Божје. Како тоа да се исполни? Во храмот се оди со желба за молитва, и кратко и со усрдност да се отстои. Меѓутоа, мислите брзо почнуваат да лутаат и во главата станува по шумно отколку што било во Ерусалимскиот храм кога Господ го посети. Заради што тоа е така? Заради тоа што престојот во храмот и мислите кои ги имаме – се одраз на сиот наш живот. Како се живее, така и во храмот се однесува. Храмот влијае и донекаде ги поддржува духовните потреби, но обичниот тек на духовните настројувања преовладува.
Според тоа, ако сакаш твоето престојување во храмот да биде достојно претставување пред лицето Божјо, припреми се уште во секојдневниот обичен живот. Колку што можеш, биди во молитвено расположение. Тој труд ќе те доведе дотаму така што и во храмот сето време ќе го поминеш во побожност. Таа побожност, пак, ќе те побудува на побожност и во обичниот живот. Така ќе одиш се повеќе и повеќе. Господ ќе помогне, ти само почни.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ (19.06.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА