Скопје, 19 јули 2010 год.- Храмот на св.Петка
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 29)
Во она време влезе Исус во еден кораб, се врати назад и пристигна во Својот град. И ете, донесоа при Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, на фатениот му рече: „Не плаши се, чедо! Ти се простуваат гревовите твои!“ Тогаш некои од книжниците рекоа во себе: „Овој богохулствува.“ А Исус штом ги разбра мислите нивни, рече: „3ошто мислите лошо во срцата ваши? Или, што е полесно? Да кажам: ‘Ти се простуваат гревовите твои!’ или да кажам: ‘Стани и оди!’? Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштава гревови.“ Тогаш му рече на фатениот: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!“ И тој стана, ја зеде постелата своја и си отиде дома. А народот кога го виде тоа, се зачуди и Го прослави Бога, Кој им дал таква власт на луѓето.
На 19 јули 2010 година, во Деветата недела по Педесетница, кога Светата Црква го слави споменот на преподобен Сисој Велики и светата маченичка Лукија, во храмот на св. Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Лето Господово 2010
Од Верскиот календар на МПЦ (19.07.2010)