Скопје, 13 јули 2010 година- манастирска црква на св.вмч. Георгиј, Криви Дол
На 13 јули 2010 година, во Осмата недела по Педесетница, кога Светата Црква го слави споменот на Собор на Светите славни и сефални апостоли; (Павловден);, во манастирската црква на св.вмч.Георгиј, во Криви Дол, Скопје, беше отслужена Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 51)
Во она време, кога се приближија кон Исуса учениците Негови рекоа: „3ошто во параболи му зборуваш на народот?“ А Он им одговори и рече: „3ашто вам ви е дадено да ги знаете тајните на Царството небесно, а ним не им е дадено. Оти, кој има ќе му се даде и ќе му се преумножи; а кој нема, ќе му се земе и она што го има; затоа им зборувам во параболи, оти гледаат и не виѓаваат; слушаат и не чујат, ниту, пак, разбираат; и над нив се исполнува пророкувањето на Исаија, кое вели: ,Со уши ќе чуете и нема да разберете, со очи ќе гледате и нема да видите; срцето на овие луѓе закоравело, и со ушите тешко слушаат; и ги затвориле очите свои да не би некогаш со очите да видат и со ушите да чујат и со срцето да разберат, та да не се покајат и да не ги исцелам.’ Вашите, пак, очи се блажени, оти гледаат, и ушите ваши бидејќи слушаат; зашто, вистина ви велам: многу пророци и праведници сакаа да видат што гледате вие, и не видоа, и да чујат што слушате вие, и не чуја. Вие, пак, чујте ја параболата за сејачот: при секого, што го слуша словото за Царството и не го разбира, доаѓа лукавиот и го граби посеаното во срцето негово; ете, тоа означува посеаното покрај патот. А посеаното на камен е оној, што го слуша словото и веднаш со радост го прима; но нема во себе корен и е непостојан: настане ли жалост или гонење заради словото, веднаш се соблазнува. Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижите од овој свет и примамливото богатство го задушуваат словото и тоа останува без род. А посеаното на добра земја е оној, што го слуша словото и го разбира, и дава плод: еден сто, друг шеесет, а друг триесет.“
Лето Господово 2010