Седмица 9-та по Педесетница
ЧЕТВРТОК
Христијанството во полна мера ја задоволува нашата стремеж кон првенството. Ама, како? На сосема поинаков начин отколку светот. Сакаш да бидеш прв? Биди им на сите слуга, те. биди меѓу сите последен. Тоа суштински толку е важно, колку што е важно својот живот да го уредуваме по примерот на Господ Христос. Господ говори: Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да го даде животот Свој за откуп на мнозина (Мт.20, 28). Господ служи, па дури им ги мие нозете на своите ученици.Спрема тоа, и ние нетреба поради ништо да се срамиме во служењето на другите. Со што и како можеш- само да служиш. Можности има на секој чекор: гладниот нарани го, голиот облечи го, странецот во дом прими го, болниот посети го и најди му се при рака, и на секого кој има потреба излези му во пресрет. И не само по тело, туку и по душа другиот послужи го: вразуми, дај совет, укажи на добра книга, утеши, поткрепи. Зборот е многу силно средство при помош: со него дејствува душата. Среќавајки се со другата душа тој и дава сила.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ (19.06.2010)
Предговор
Друго:
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА