По повод чествувањето на празникот Воведение на Пресвета Богородица(по новиот календар) беше отслужена Вечерна Богослужба во црквата посветена на Св. Рафаел од Бруклин во Детроит, САД.
На радост на сите присутни, кои беа од повеќе националности, беа донесени три чудоторни икони од Пресвета Богородица. Благопријатниот мирис од мирото насекаде беше присутен во храмот.
Инаку трите икони се дел од десетте вкупно колку што ги поседува ирачанката со православна вероисповед по име Алиса. Бог да и дарува многу здравје, а нам заталканите во т.н. Нов Свет(Америка) да не чува и заштитува Пресвета Богородица под својата закрила.
известува:
чтец Александар Божиноски
Посети:{moshits}