Скопје, 27 јуни 2010 год.- манастир на св. вмч. Димитриј, с. Мркова Сушица (скопско)
На 28 јуни 2010 година, во Петтата недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува светиот пророк Елисеј, свети Методиј, патријарх Цариградски и преподобен Нифонт, во манастирската црква посветена св.вмч. Димитриј , (скопско), се ослужи Божествена Литургија.Верниот надор на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни .
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 24)
Рече Господ: „Секој што ги слуша и исполнува овие Мои зборови, ќе биде како благоразумен маж, кој си направил куќа на камен. И заврна дожд и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, но таа не падна, оти беше изградена на камен. А секој, што ги слуша овие Мои зборови и не ги исполнува, прилега на човек глупав, кој си направил куќа на песок. И заврна дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, и таа падна, а паѓањето ѝ беше страшно.“ И кога ги заврши овие зборови, народот се чудеше на Неговото учење, зашто Он ги поучуваше како Оној, Кој има власт, а не како книжниците. А кога слезе од планината, по Него врвеше многу народ. И ете, се приближи еден лепрозен. Му се клањаше и говореше: „Господи, ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ А Исус кога ја пружи раката, се допре до него и рече: „Сакам, очисти се!“ И тој веднаш се очисти од лепрата. И му рече Исус: „Гледај, никому не кажувај; а оди, покажи им се на свештениците и принеси дар, како што заповедал Мојсеј, ним за сведоштво.“
Лето Господово 2010
Марков манастир на денот на светиот пророк Елисеј, свети Методиј, патријарх Цариградски и преподобен Нифонт