Седмица 5-та по Педесетница
ЧЕТВРТОК
Зашто кој ја исполнува волјата на Мојот Отец, Кој е на небесата, тој Ми е брат и сестра, и мајка (Мт.12, 50). Господ со тоа ни дава да разбереме дека духовното сродство, кое Он дојде да го посади и однегува на земјата, не е исто што и телесното сродство, иако по формата на односите е еднакво со него. И во него постојат татковци и мајки – те. Тие кои породуваат со зборот на вистината или со благовештение, како говори апостол Павле. Во него постојат браќа и сестри – те. тие кои се од еден родени духовно и растат во еден дух. Тука родбинските врски ги изградува благодатта. Меѓутоа, тие не се надворешни, туку длабоки и животни, како и телесните, единствено што местото им е во друга област – повисока и поважна. Поради тоа и се надмоќни над телесните. Кога потребата тоа го бара, телесните врски се принесуваат на жртва на духовните интереси, без сожалување и со полна увереност дека така е угодно на Бога и да Он самиот тоа го бара.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ (19.06.2010)
Предговор
Друго:
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА