Скопје, 24 јуни 2010 год.- Храмот на св.вмш. Димитриј
На 24 јуни 2010 година, во Петтата недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува споменот на светиот апостол Вартоломеј и светиот апостол Варнава, во храмот на св.вмч Димитриј, во Скопје, се ослужи Божествена Литургија.Верниот надор на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни .
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 36)
Рече Господ да Своите ученици: „Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби. Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предадат на судовите и по синагогите нивни ќе ве бијат. И ќе ве одведат пред управници и цареви заради Мене, за да сведочите пред нив и пред незнабошците. Кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да кажете; бидејќи не сте вие што ќе говорите, а Духот на вашиот Отец ќе говори во вас. И ќе предаде брат брата си на смрт, и татко - чедото свое; и ќе станат деца против родителите и ќе ги убијат; и ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој претрпи до крај, ќе биде спасен.“
Лето Господово 2010