Седмица 5-та по Педесетница
СРЕДА
Во секој човек кој живее непокајано во грев, живее и бес, кој, како во куќа, располага со сето што е во него. Кога грешникот , по благодатта Божја доживее покајание поради своите гревови, се кае и престанува да греши, ѓаволот се изгонува од него. Тој во почетокот не го вознемирува, бидејќи во покајникот е многу ревност која како оган ги согорува бесовите и ги одбива како стрела. Меѓутоа, кога ревноста почнува да се оладува, ѓаволот пристапува оддалеку со своите предлози, уфрлајќи сеќавање на поранешните задоволства и повикувајќи кон нив. Покајниче, чувај се добро, бидејќи од врзувањето со чувство кон нив брзо се преминува во желба. И ако и тука не се опаметиме и не вратиме во состојба на поранешната трезвеност, падот нема да биде далеку. Од желбата се раѓа наклоност кон гревот и решеност, и внатрешниот грев веќе е готов. За надворешниот пак , само се чека поволна прилика. Се укаже ли таа – гревот ќе се направи. Со тоа и бесот повторно влегува и почнува да го гони човекот од грев кон грев, и тоа уште побргу од порано. Господ тоа го опиша во приказната за повторното враќање на бесот во исчистен и изметен двор (Мт. 12, 42-45).
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ (19.06.2010)
Предговор
Друго:
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА