Скопје, 22 јуни 2010 год.- Соборен храм св. Климент Охридски
На 22 јуни 2010 година, во Петтата недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува споменот на свети Кирил, архиепископ Александриски и свети Кирил Белоезерски, во соброрниот храм на св. Климент Охридски во Скопје, се ослужи Божествена Литургија.Верниот надор на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни .
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 9)
Во она време врвејќи Исус покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа, Симона, наречен Петар, и брата му Андреја, како фрлаат мрежа во морето, бидејќи беа рибари, и им рече: „Појдете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.“ И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него. Потоа, одејќи, понатаму виде други двајца браќа: Јакова Заведеев и брата му Јована, во кораб со Заведеја, таткото нивни, кои си ги крпеа мрежите свои, и ги повика. И тие наеднаш го оставија коработ и татка си и тргнаа по Него. И одеше Исус по цела Галилеја и, кога поучуваше по синагогите, го проповедаше Евангелието на царството и лекуваше секаква болест и немоќ кај народот.
Лето Господово 2010