И з в е с т у в а њ е
На 22 јуни- вторник, во 20:00, во просториите на Младинскиот културен центар ќе се одржи трибина на тема „Библијата во современиот живот на младите“.
- Разграничување на тоа што е вера, а што суеверие.
- Дали примената на Библиските начела значи ограничување во животот или можност за напредок?
- Библијата е создадена пред илјадници години но нејзините пораки се сеуште свежи-зошто е тоа така?
- Примери од развиените западни држави за тоа колкаво значење се дава на Христијанските принципи.
- Ако Христијанската традиција во Македонија е стара 2000 години како планираме да ја продолжиме во рамките на современото живеење?
Организатор на трибината е Македонско–демохристијанската унија на Македонија. Предавачи се: отец Сашо Николовски и г. Александар Спасеновски, пратеник во Собранието на Р. Македонија..На трибината ќе говорат и Влатко Ѓорчев-пратеник и Оливер Димитриоски од МДУ.
За сите присутни ќе биде поделена книгата „Нов Завет“ и списанието „Православен Пат“.
Оддел за издавачка дејност
при Скопската православна епархија