Седмица 4-ра по Педесетница
ЧЕТВРТОК
Дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам (Мт.11,28). О, Божествениот, о љубезниот, о најслаткиот глас Твој! Да тргнеме сите по Господ, Кој нѐ вика! Но, пред тоа, треба да се почувствува тоа што нам ни е тешко и напорно - дека сме полни со гревови и дека ни се тешки. Од тоа чувство ќе се роди потребата за барање на олеснување. Тогаш верата ќе ни укаже на единственото прибежиште во Господ Спасителот и нашите чекори самите ќе се упатат кон Него. Душата, која посакала да се избави од гревовите, знае да му рече на Господа: „Земи го од мене тешкото гревовно бреме, а јас ќе го земам Твојот лесен јарем“
Така и бива: Господ ги простува гревовите, а душата почнува да живее по Неговите заповеди. Заповедите се - јарем, а гревовите- бреме. Но, споредено едното и другото, душата наоѓа дека јаремот на заповедите е лесен како пердув, а бремето на гревовите тешко како планина. Затоа, да не се плашиме, туку со задоволство да го примиме благиот јарем Господов и Неговото лесно бреме! Само така и никако поинаку ќе најдеме одмор за своите души.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ (17.06.2010)
Предговор
Друго:
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА