Седмица 4-ра по Педесетница
СРЕДА
Господ направи многу чудеса во Капернаум, Витсаида и Хоразин. Меѓутоа, бројот на оние кои поверуваа не одговараше на бројот на чудесата. Заради тоа, Тој строго ги изобличуваше тие градови и пресуди дека на Денот на судот ќе им биде полесно на Тир и Сидон, Содом и Гомор, отколку ним. По тој образец и ние треба за себе си да судиме. Колку знаци Господ пројави над Русија, избавувајќи ја од посилните непријатели и покорувајќи и народи! Колку и дарувал тајни блага, кои непрестајно точат знаци: светите мошти и чудотворните икони, расеани по целата Русија! Но, повторно, во нашите денови Русите почнуваат да се оддалечуваат од верата: еден број на луѓе сосема свесно упаѓа во неволји, друг отпаѓа во протестантизам, трет тајно ги исповеда своите верувања, во кои сака да ги измеша и спиритизмот и геолошките совпаѓања со Божественото Откровение. Злото расне: зловерието и неверието подигаат глава, а верата и Православието слабеат. Зарем сѐ уште нема да се вразумиме?...И најпосле, ќе дојде и кај нас до тоа што се случи, на пример, кај Французите... Ако тоа се случи, што мислите, како ќе ни биде нам во Денот на судот, по толку милости Божји, кон нас пројавени? Господи, спаси ја и помилуј ја Православната Русија. Бидејќи Твојата праведна закана доаѓа!