Седмица 3-ра по Педесетница
САБОТА
Дешново Евангелие покажува дека оние кои ги слушаат зборовите Господови и ги извршуваат се слични на луѓе кои sидаат зграда на камен. Оние, пак, кои ги слушаат а не ги исполнуваат се слични на луѓе кои sидаат зграда на песок. Секој тоа нека го научи напамет и почесто да повторува. Вистината која тука се содржи на секого му е јасна и очигледна. Секој сам од сопственото искуство за тоа има многу уверувања. Додека се во главата , мислите бидуваат непостојани и колебливи., а кога ќе се напишат на хартија се здобиваат со стабилност и непокретност. Некоја намера често се доведува во прашање и менува во поединости додека не се започне на дело. Меѓутоа, кога, ќе почне да се извршува, крај е на сите дополнителни колебања. Исто така и правилата на наравта нам страни, вон нас и неутврдени се се додека не ги исполниме. Доколку, пак, ги исполниме, тие влегуваат внатре, се сместуваат во срцето и тука ја полагаат основата на карактерот – добар или лош. Внимавајте добро како живеете.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ (12.06.2010)
Предговор
Друго:
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php