ПЕТОК
Секој кој ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Отец небесен (Мт. 10, 32). Зарем тешко е да се исповеда Господ? Нема во тоа никаква тешкотија. Каква тешкотија е да се каже, кога ќе затреба, дека Господ наш Исус Христос е единороден Син Божји и Бог, дека заради нас дошол на земјата, се овоплотил од Светиот Дух и Марија Дева, и станал човек, дека беше распнат, пострадал и беше погребен, дека воскреснал во третиот ден, се вознесе на небото и дека седи од десната страна на Бога Отца, дека пак ќе дојде да им суди на живите и мртвите, дека го испратил Светиот Дух на светите апостоли и дека со Неговата сила на земјата ја устроил светата Црква, која, учејќи со вистината и осветувајќи со тајните, по незаблудлив пат ги води сите свои верни чеда во Царството Небесно? Сето тоа ние го повторуваме секогаш кога го слушаме или читаме Символот на верата. Така и ти земи ги овие вистини, запечати ги во своето срце и биди подготвен, не плашејќи се од никакво човечко лице, да објавиш дека е наопходно точно така, а не некако поинаку, да се верува за спасение. Биди воедно спремен да претрпиш за исповедање се што ќе биде потребно во одреден случај. Затворај ги устите на лажните учители и хулители на Христијанството со зборовите на вистината - и ќе го добиеш тоа што Господ го ветил. Ти ќе Го исповедаш Него како Бог и Спасител пред луѓето, а Тој пред Бога Отца ќе исповеда дека ти си Негов верен следбени и исповедник.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ (11.06.2010)
Предговор
Друго:
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php