Седмица 3-ра по Педесетница
СРЕДА
Кој претрпи до крај, ќе биде спасен (Мт.10,22). А имаме ли ние што да трпиме? Никој нема да остане без тоа. Полето на трпението кај секого е широко; а со тоа, значи, и спасението е блиску - на дофат. Претрпи се до крај и ќе се спасиш. Но, треба да знаеш да трпиш, бидејќи во спротивно може да се случи да претрпиш а од тоа да немаш никаква полза. Напрвин чувај ја светата вера и води безпрекорен живот који и е соодветен. Секој грев што се случи веднаш очисти го со покајание. Второ, се што треба да се претрпи примиј го како да доаѓа од Божјите раце, имајќи на ум дека без Нерговата волја ништо не се случува. Трето, верувајќи дека се што доаѓа од Господа е за доброто на нашите души, искрено благодарејќи му на Бога, благодарејќи и за грижите и за утешенијата. Четврто, засакај ја жалоста заради нејзината голема спасоносност и разбуди ја во себе жеднеењето по неа, како горчлив, но исцелителен пијалак. Петто, имај на ум дека неволјата, кога ќе дојде, не можеш да ја отфрлиш како што се отфрла тесна облека; треба да ја поднесеш. Може да ја претрпиш христијански или нехристијански, сеедно е, зашто - неизбежно мора да ја претрпш. Тогаш, подобро е да ја претрпиш христијански. Префрлањето и приговарањето нема да те избават од неволјата, туку само ќе ти ја отежнува, а смирената покорност на одлуките на промислата Божја, и благодушноста и ја одземаат тежната на неволјата. Шесто, сметај дека си заслужил уште поголеми неволји. Зашто, доколку Господ би сакал со тебе да постапи по сета правда, какво ли страдање би требало да ти прати! Седмо, повеќе од се треба да се молиш, и милостивиот Господ ќе ти даде сила на духот со која ќе ти се чини дека и не трпиш ништо, додека другите ќе и се чудат на големината на твоите искушенија.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ (08.06.2010)
Предговор
Друго:
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php