Седмица 3-ра по Педесетница
Понеделник
Испраќајки ги светите апостоли да проповедаат, Господ им заповедал да ги повикуваат сите и да им кажуваат: Се приближи царството небесно (Мт.10, 7), т.е., дојде Царството – одете во него. Што, пак, да проповедаме ние? Треба на сите да им велиме: „Вие сте синови на Царството. Не бегајте од Царството во неволји и во ропство“. Зашто, многумина бегаат. Едни ги плени слободата на умот: „Не ги сакаме, - велат, - прангите на верата и товарот на авторитетот, па нека е и Божествен. Сами ќе ги одгатнеме и решиме сите нешта“. Па - и решиле. Создале такви басни во кои има повеќе детинштини отколку во грчките митологии. И со тоа се величаат... Други ги привлекува широкиот пат на страстите: „Не сакаме, - велат, - никакви заповеди, ниту барања на совеста. Сето тоа се апстракции.Нам ни е потребна сетилна природност“. И тргнале по неа. Но, што се случило? Се уподобиле на бесловесни животни. Нели од тој пад на карактерот и се родила теоријата за потеклото на човекот од животните? Ете до каде одат! А се бегаат од Господа, бегаaт, ...
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител (07.06.2010)
Предговор