Седмица 2-ра по Педесетница
ЧЕТВРТАК
И кога влезе во коработ, по Него влегоа и учениците Негови. И ете настана голема бура во морето, така што брановите го покриваа коработ, а Он не спиеше.(Мт.8, 23). Така се случува и во обичниот и во духовниот живот. Се подига бура на тешкотии или страсти, и ние се вознемируваме до раслабеност, сметајќи дека тоа е сосема нормално. Меѓутоа, Господ ни праќа укор: „Маловерни!“ И оправдано! Се разбира, неможе да не се обрнува внимание на она што се случува, но секогаш може да се сочува разумно спокојство. Пред се, погледни на тоа што Господ сака од тебе, и смирено покори и се на Неговата силна рака. Не дозволи да те обземе смут и не возбудувај се. Потоа издигни ја својата вера кон мислата дека Господ е со тебе, и приклони се кон Неговите стапала со молитва. Сепак не викај: „ Господе, загинувам“, туку со предаденост извикај: „Господи, ако сакаш – можеш! Но, сепак, да не биде мојата, туку Твојата волја.“ Верувај дека на таков начин безопасно ќе ја пребродиш бурата која се подигна.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ (02.06.2010)
Предговор