Седмица 2-ра по Педесетница
СРЕДА
Не секој што Ми вели : „Господи, Господи“, ќе влезе во Царството небесно; а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен (Мт.7, 21). Човек не може да се спаси само со молитва. Со молитвата треба да се соедини и исполнувањето на Божјата волја, т.е., сето она што човекот е должен да го прави според своето звање и уредувањето на својот живот. И молитвата за свој предмет првенствено треба да ја има прозбата Бог да не удостои во ништо да не отстапуваме од Неговата света волја. И обратно, молитвата на оној кој ја има ревноста во сѐ да ја исполнува Божјата волја ќе биде посмела пред Господа и поблиску до Неговиот престол. Зашто, молитвата не е вистинска, трезвеноумна и срдечна доколку не ја следи одењето по Божјата волја. Тогаш таа е надворешна, гласна, , при што неправилноста на карактерот се покрива, како со магла, со многу зборови, додека мислите лутаат, неповрзани. И едното и другот треба да се заслади со благочестие. Дури тогаш ќе има плод
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ (02.06.2010)
Предговор
Седмица 2-ра по Педесетница