На 29-05-2010 година, неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г.Иларион, благоволи во водите на "Злетовска Река" , односно, во манастирот "Свети Спиридон", метох на Лесновскиот манастир - Злетово, да ја изврши светата Тајна Крштение над Борис, Мери, Благица и Ангела Печовски,
Надежда Симоновска и Коља Стерио од с.Шулин, Мала Преспа. Новокрстените се чеда и блиски на мајсторите - Македонци, кои ја изградија припратата во Лесновскиот манастир и параклисот на "Пресвета Богородица", Злетово, метох на Лесновскот манастир.